Што е Македонска Филмска Асоцијација?

Македонска Филмска Асоцијација е независно, непрофитно здружение на фирми и самостојни работници од дејноста на филмска и ТВ продукција основано 25 мај 2016. Главна цел на здружението е економски развој во дејноста на филмската индустрија преку привлекување на странски, меѓународни филмски продукции кои се заинтересирани за користење локации, услуги, опрема и екипа на територијата на Р. Македонија, со што се отвараат работни места во Македонија и се зголемува приходот на фирмите регистрирани во Македонија.

Целта на постоење на МФА е да биде прво и сеопфатно место во кое домашните и странските продуценти и филмски творци се обратат во потрага за квалитетни информации за локации, кастинг и услуги на филмски и ТВ продукции во Македонија. Интерна улога на МФА е да соработува со филмската индустрија и државните институции во Македонија и промоција според најдобрите примери во светот.

Вооглавно, организација заснована на членство гарантира дека здружувањето не може да биде контролирано од страна на една компанија или интерес, но ќе се пружи прилика на сите членови да соработуваат за да постигнат оптимален развој во филмската индустрија во Македонија. Треба да се напомене дека ќе овозможи економска корист од странските продукции кои отвараат бројни работни места кои не се дирекно вклучени во филмската индустрија како што се хотелите, транспортерите, кетеринг, осигурување, банкарски услуги итн., како и членство отворено и за организација која индиректно влијае и гледа развој на филмските и ТВ продуцирањата. Меѓу членовите на асоцијацијата ќе се наоѓаат и бројни претпријатија од овие сектори.

Долгорочна цел на МФА е да се работа на меѓународни проекти да се обучат голем број на домашни филмски работници, развивање на домашните филмски куќи, подигнување на квалитетот на продукциските услуги и инфраструктури и промовирање на Македонија како локација, регионален центар за филмско творење и едукација во областа на кинематографијата. Крајна цел на МФА е да преку директни странски инвестиции да се зајакне  и осовремени македонската кинематографија и да се отвори пат кон нови ко-продукции за домашни проекти и нови пазари за промоција на домашната кинематографија, автори и филмски работници.

Заради постигнување цели дефенирани се следниве главни задачи на Здружението:

Промовирање на Македонија во интернационална професионална јавност како дестинација за меѓународни филмски, ТВ и продукција на реклами со бренд Film in Macedonia;

Подршка во воспоставување контакти помеѓу домашните и странските филмски и ТВ работници;

Постигнување соработка и контакти помеѓу членовите од филмската индустрија, државните институции и други клучни организации во земјата и во странство;

Создавање на бизнис клима во Македонија која овозможува на продуцентите и останатите компании од секторот на филмот да станат одржливи бизнис субјекти способни за создавање и обезбедување поголемо и поконзистентно ниво на продукција во Македонија;

Давање на бројни конкретни услуги на своите членови за нивно поефикасно работење и развивање;

Развивање на бизнис окружување на филмската индустрија ширум Македонија која подразбира воведување на стандарди и процедури во постапките на вадење дозволи за снимање;

Постигнување комуникација и соработка помеѓу јавниот и приватниот сектор вклучувајќи лобирање за подобри бизнис услови и привлекување инвестиции во секторот на филмската и ТВ продукција;