Кои може да членува во МФА?

Редовни членови може да бидат поединци и фирми од областите кои се занимаваат со продукција на играни, документарни, анимирани, експериментални и рекламни филмови, телевизиска програма, фотографија, пост продукциски компании, филмски и ТВ студија, студија за визуелни ефекти, компании за изнајмување на опрема и други снабдувачи вклучувајќи ги хотелите, компании за изнајмување автомобили, кетеринг, транспорт, осигурување, правни услуги итн. Покрај редовните членови кои имаат активно учество во работата на асоцијацијата постојат и категорија на придружни и почесни членови кои се дефинирани и објаснети во Статутот на здружението.

Начин на зачленување

Сите заинтересирани поединци и правни лица можат да побараат прием за членство (пристапница) на info@mfa.org.mk или преку другите членови на здружението, заедно со работна биографија, односно извод од Централниот регистар на Р. Македонија или со препорака на два члена на асоцијацијата. Управниот одбор ја носи одлуката за прием на новите членови. Висината на годишната чланарина ја утврдува Управниот одбор и таа за 2017 година изнесува 500 денари за поединци и 1500 денари за претпријатија.

Причини за членување во МФА?

Како формална организација заснована на членство, членовите на МФА имаат дирекно влијание врз структурата и приоритетите на организацијата. Асоцијацијата постои за да им ги исполни потребите на своите членови и нивните потреби за зголемување на успешноста во развојот и имплементација на активности кои ги унапредуваат интересите на индустријата.

Членовите имаат право да бираат и да бидат бирани за членови на Управен одбор, но пред се активно да учествуваат во работата на асоцијацијата преку годишните собири и работни групи, како и сите останати активности кои асоцијацијата ги организира за постигнување на целите на целокупниот филмски сектор.

Погодности кои имаат членовите на Македонската Филмска Асоцијација:

Поставувње профил на сајтот за промоција (наскоро)

МФА изработува портал за промоција и овозможува комплетно претставувње на услугите, референците и поставување show reel со кои директно и на прав начин комуницира со филмските професионалци заинтересирани за работа во Македонија. Сите посетители на профилот можат директно да ги контактираат фирмите или посетат нивните сајтови.

Користење на базата на локации (наскоро)

МФА изработува нов протал посветен на промоција на локации територијата на Македонија во неколку општини. Членовите на МФА имаат бесплатен пристап на сајтот кој нуди опширна галерија со фотографии, контакти за добивање на дозвола за конкретните локации и функција за креирање селекција на локации за конкретен проект.

Користење на кастинг базата (наскоро)

МФА изработува нов протал во кои граѓаните на територијата на Македонија ќе можат да си направат свој профил со информаации и фотографии. Членовите на МФА имаат бесплатен пристап на сајтот кој нуди опширни информации за актери и статисти во Македонија, како и функција за креирање селекција на актери и статисти за конкретен проект.

Софтвер – Апликација (наскоро)

МФА изработува нов софтвер (апликација) сајт по принципот на Celtx каде членовите на асоцијацијата ќе можат да си ги пишуваат своите сценарија, да изработуваат буџет (според стилот на Агенцијата за Филм), да прават детална разработка и слично. Во самата апликација ќе биде поставена можност сценаристите да ги нудат своите дела на продукциските куќи кои би имале можност да лицитираат со сценаријата. Апликацијата ќе има можност да се користи на повеќе јазици.

Портал со Датабаза и Критики (наскоро)

МФА изработува портал сличен на rottentomatoes.com кој ќе содржи база на податоци на македонските филмови, актери и филмски работници. Публиката ќе има можност да ги оценуваат делата и да оставаат критика за филмовите, актерите, работниците и продукциите со што би се добила вистинска можност продукциските куќи да видат што домашната публика сака да гледа. Исто место во поралот ќе си добијат и професионалните критичари.

Проследување на контакти и информации

МФА е право место за информации за продукциските капацитети во Македонија на кое што странските клиенти се обраќаат. Ако вашата фирма нуди услуги, своите информации можете да ги наведете во профилот со кои истовремено домашните и странските клиенти ке бидат запознаени со вашите информации и контакт со еднакви услови за сите членови на МФА.

Настап и излегување на светски пазари

Трошковите за индувидуален настап на светските пазари и фестивали може да бидат финансиски исцрпувачки, но членувањето во МФА ви овозможува можност да настапувате под заеднички штанд брендиран со МФА со значително помали или никакви трошкови. Дури и кога не сте во можност физички да учествувате, МФА сите свои членови ќе ги промовира и претстави на странски клиенти, ке дистрибуира промотивни материјали, ќе собира и одржува контакти со клиенти кога вие не сте во можност.

Поодршка во односот со државните институции

Како независно тело составено од професионалци од филмската индустрија, МФА е во можност да влијае на прашањата од филмската индустрија, решавање на проблемите и градење партнерска сооработка со државните институции и градењето репутација на непристрасно тело кое ке ги застапува претставниците на филмската индустрија. Ние сме овде за да вашиот аргумент се слушне и заеднички да настапиме пред институциите, службите и државните установи во однос на логистичка организација на продукција или припрема на продукција на вашите проекти, при што на вас ви се олеснува работата и ќе можете полесно да се фокусирате на сервисирање на клиентите.

Сооработка помеѓу колегите и филмските компании

МФА се труди да прошири нови контакти и да им овозможи на своите членови да запознаат домашни и странски партнери. Учеството на работните групи и телата на Асоцијацијата, тренинзите и едукацијата создаваат позитивна клима во домашната филмска индустрија, а разните видови на дружења, годишни забави, МФА промотивните собири и присустивто на саеми и фестивали овозможува да запознаете нови колеги и партнери. Како и во секоја индустрија се работи за доверба и парнерство.

Сооработка со компании кои не се од филмската инустрија

Концентрирање на филмската индустрија преку МФА овозможува вооспоставување на партнерски односи со фирмите кои се во улога на добавувачи важни за извршување на работните активносити на продукциските куќи (кетеринг, поштенски услуги, хотели, изнајмување автомобили, државни институции итн.). МФА на своите членови ја олеснува работата од овој сегмент преку обезбедување дирекни контакти, пониски цени, бесплатни совети или услуги со партнерите. За прецизен список на спонзорските бенефиции секогаш можете да ја контактирате канцеларијата на МФА.

Препораки на МФА и поодршка во пронаѓањето и оставраувањето на сооработка со странски клиенти, филмски фондови итн. Целта на МФА е да изгради економска одржливост на меѓународните продукции во Македонија, стимулација за отварање на нови работни места и регрутирање на локалните бизниси во филмските, ТВ и рекламните продукции. Нашата улога е на домашните и странските клиенти да им дадеме најдобри можни препораки и професионални совети и истовремено провирање на нашите членови и македонските локации.

Едукативни програми

МФА преку активна соработка со своите членови настојува да воспостави и организира тренинг во областите на филмската продукција кои не се покриени од формалното образование или кои имат допир со филмската продукција.

Помош при поставување проект на www.imbd.com

Мала но значителна погодност која вас ќе ви овозможи пристап на контакто во најголемата онлајн база на филмската индустрија потполно бесплатно.

Пакет на бесплатен маркетиншки материјал

Во склоп на членството секој член добива пакет на маркетиншки материјал брендиран Film in Macedonia, кој може да се поклони на своите партнери. Тоа значи дека сте во можност да без додатни трошкови можете да располагате со квалитетен материјал кои ја потврдуваат озбилноста на индустријата. Заради заштеда на трошковите, МФА е секогаш спремна за можност на кобрендирање на промотивниот материјал со членовите.

Welcome Film in Macedonia каталог

МФА годишно припрема каталог за клиентите и екипите кои доаѓаат во Македонија за да им овозможи лесен престој и снаоѓање додека се на територијата на Македонија. Сите членови можат да ја добијат оваа брошура бесплатно за совите гости и клиенти.

Подршка во организација за посета на локации

МФА организира тури за разгледување на локации за клиенти кои размислуваат да учествуваат во Македонија како дестинација за нивните моментални проекти, при што овозможува на своите ченови директен состанок 1 на 1.

Целта на постоење на МФА е да биде прво и сеопфатно место во кое домашните и странските продуценти и филмски творци се обратат во потрага за квалитетни информации за локации, кастинг и услуги на филмски и ТВ продукции во Македонија. Интерна улога на МФА е да соработува со филмската индустрија и државните институции во Македонија и промоција според најдобрите примери во светот.

Вооглавно, организација заснована на членство гарантира дека здружувањето не може да биде контролирано од страна на една компанија или интерес, но ќе се пружи прилика на сите членови да соработуваат за да постигнат оптимален развој во филмската индустрија во Македонија. Треба да се напомене дека ќе овозможи економска корист од странските продукции кои отвараат бројни работни места кои не се дирекно вклучени во филмската индустрија како што се хотелите, транспортерите, кетеринг, осигурување, банкарски услуги итн., како и членство отворено и за организација која индиректно влијае и гледа развој на филмските и ТВ продуцирањата. Меѓу членовите на асоцијацијата ќе се наоѓаат и бројни претпријатија од овие сектори.

Долгорочна цел на МФА е да се работа на меѓународни проекти да се обучат голем број на домашни филмски работници, развивање на домашните филмски куќи, подигнување на квалитетот на продукциските услуги и инфраструктури и промовирање на Македонија како локација, регионален центар за филмско творење и едукација во областа на кинематографијата. Крајна цел на МФА е да преку директни странски инвестиции да се зајакне  и осовремени македонската кинематографија и да се отвори пат кон нови ко-продукции за домашни проекти и нови пазари за промоција на домашната кинематографија, автори и филмски работници.